20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоезија на ​Радован Павловски објавена во индиска ревија​​ за литература

Поезија на ​Радован Павловски објавена во индиска ревија​​ за литература

Во новиот број на​ ​реномираната индиска ревија​​ за литература „Инчентин версис“​ ​се објавени избрани песни на еминентниот ​​македонски ​поет​ и академик ​Радован Павловски, заедно со негова опсежна биобиблиографија​.

​Павловски е претставен во списанието на издвоено место, ​заедно со истакнатиот американски поет Томас Лукс, добитник на неколку награди за поезија меѓу кои и „Роберт Крили“, „Кингсли Тафтс“, „Гугенхајм“ и други, на кого постхумно му беше доделено признанието ​„Восхитувачки поет“, и со познатата американска поетеса Лин Томсон, селектирана по избор на редакцијата (Editor’s Choice), која ја има добиено наградата за поезија на книжевниот фестивал во Таксон за 2017 година и наградата „Стивен Дан“ во 2016 година.

„Инчентин версис“ е водечка индиска електронска книжевна ревија која првенствено е фокусирана на современата светска поезија. ​Главен уредник е еден од најафирмираните помлади индиски поети, Сонет Мондал, а гостин-уредник на овој број беше американската поетеса и книжевна критичарка Елена Карина Бирн​. Уредник-консултант од Македонија е ​​поетот и книжевен критичар Јовица Тасевски-Етернијан.

Академик Радован Павловски е еден од најафирмираните македонски поети, чија поезија е преведена на околу педесет јазици. Автор е на дваесетина поетски книги, како и на книги со патеписи и есеи, а ги има добиено сите најзначајни македонски награди за поезија, како и неколку странски награди и признанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП