19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПланот на Mitsubishi: 11 модели за 3 години

Планот на Mitsubishi: 11 модели за 3 години

Јапонската компанија „Mitsubishi“ го претстави својот тригодишен стратешки план за развој, насловен „Drive for Growth“. На крајот од овој период се очекува дека профитот на производителот ќе скокне за 6%, со зголемување на производството и продажбата на автомобили.

Компанијата планира да ја зајакне својата позиција во Југоисточна Азија, САД, Кина и Јапонија. Особено внимание се посветува на најголемиот пазар на планетата – оној во Кина, каде што по 3 години продажбата треба да достигне 220.000 единици.

За овој период, „Mitsubishi“ ќе понуди 11 нови автомобили. Од нив, 6 ќе бидат целосно нови, а останатите 5 ќе бидат надградени. Два од новите модели веќе се претставени – кросоверот „Eclipse Cross“ (на сликата) и кросоверот „Xpander“. Првиот ќе се продава во повеќе од 80 земји во светот, додека вториот за Индонезија и за регионот.

По истекот на тригодишниот период, јапонскиот производител ќе почне да го електрифицира целиот модел, со помош на партнерите од „Nissan“ и „Renault“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП