20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо државата плата во плико добиваат близу 18% од работниците

Во државата плата во плико добиваат близу 18% од работниците

17,8 отсто од работниците во земјава кои имаат договор за вработување добиле плата во плико како дел од платата за кој работодавачите не плаќаат придонеси и даноци, покажува истражувањето на „Фајнанс тинк“ објавено во публикацијата „Квалитет на животот во Македонија“ под наслов „Плата во плико“.

Истражувањето покажува дека со ваквиот начин на исплата на дел од платата работодавачите заштедуваат на штета на државата преку данокот и социјалните придонеси и на работниците на кои им се намалува обемот на социјалното, здравственото и пензиското осигурување и дополнително вештачки ја намалува нивната кредитна способност.

Од „Фајнанс тинк“ велат дека примателите на минимална плата се најпогодени од феноменот „плата во плико“. Дури 62 отсто од работниците осигурани на минимална плата добиваат и плата во коверт. Притоа, во просек, делот од платата исплатен во кеш изнесува речиси исто колку и формалната плата на сметка (91 отсто).

Исплатата на дел од платата во кеш најзастапена е кај стручњаците-занаетчии од различен вид. 23,2 отсто од високостручните работници во метална, машинска, текстилна и прехранбена струка, како и 21,5 отсто од работниците во услужните дејности, примаат плата во плико. Платата во плико е застапена и кај работниците во градежништвото, со 28 отсто. Притоа, платата во плико изнесува речиси пола од нивната формална плата. Потоа следуваат работници во услужните сектори. Жените многу почесто земаат дел од платата во кеш.

Истражувањето открива дека во просек исплатата на платата во готовина претставува една третина од формална плата што ја добиваат работниците.

Работниците во Скопскиот Регион имаат највисока плата во плико каде што примениот кеш како удел во формално-примената плата е највисока 57 отсто, додека најзастапена е во Пелагонискиот Регион 42 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП