24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа секој нов доселеник ова италијанско гратче нуди по 2.000 евра

За секој нов доселеник ова италијанско гратче нуди по 2.000 евра

Градоначалникот на италијанското гратче Кандела смисли практично решение за зголемување на бројот на жители. Тој решил да му плати на секој што ќе се пресели да живее во ова мирно италијанско гратче.

Никола Гата сака неговиот мал средновековен град да заблеска како во 90-тите години на минатиот век, кога во него живееле 8.000 луѓе. За жал, сега живеат само 2.700 жители.

Затоа решил да понуди 2.000 евра за секој што сака да се досели во градот.

Градскиот совет донел одлука на самците да им се понудат 800 евра доколку сакаат да се доселат, на паровите 1.200, на тричлените семејства од 1.500 до 1.800, а на четиричлените по 2.000 евра.

Сепак, постојат и услови. Новите жители ќе мораат да најдат работа и да изнајмат стан бидејќи градските власти не сакаат новодоселените жители да безделничат по цели денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП