25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 непријатни вистини за парите

5 непријатни вистини за парите

Една од најубавите работи во животот е можноста да живеете удобен живот. Парите ви овозможуваат да уживате во сите благодети кои ги нуди светот. Но, постојат 5 вистини за парите кои не се очигледни, а сепак се непријатни:

Погрешно е целиот живот да го потрошите на заработување

Сите можеме да наброиме многу материјални работи, поради кои сакаме пари. Најчеста мотивација за да ги заработите е комфорот, финансиска безбедност за семејството, голема пензија итн. Но, многумина забораваат на важните работи како безгрижните моменти со семејството, пријателите.

Размислете, дали ќе уживате со своите деца ако сте уморни и нервозни? Дали вашето здравје ќе биде безбедно? Најважно, направите граница помеѓу личното задоволство и работата.

Сознанието дека поседувате одредена сума на пари ве прави посреќни, отколку да ги трошите

Фактот дека сте создале богатство, само по себе создава чувство на долготрајно задоволство. Поради тоа, мора секогаш да штедите. Еден ден, поради заштедата ќе може да ја напуштите работата која не ја сакате и да започнете сопствен бизнис.

Парите може да ви овозможат да го правите тоа што го сакате. Но сознанието дека ги трошите нема да ве направи среќни.

Човечкото око е ненаситно

Кога ќе ви дојде нагон за трошење, ви се чини дека тоа е сосема природен чин. И сакате уште да купувате и така се до моментот на празнење на вашата банкарската сметка. Оваа навика нема да ви дозволи да заштедите.

Купувањето на попуст не значи дека штедите

Со купувањето на некој бескорисен производ кој е намален за 90%, вие не штедите туку ги трошите тие 10%. Внимавајте, трговците знаат да ги играат овие игри.

Штедењето е спротивност од жртвувањето

Штедењето никогаш не е жртвување ако имате конкретна цел за остварување. Тоа може да ви овозможи да ги остварите своите соништа, на пример, да започнете сопствен бизнис. Се зависи како ги сфаќате работите, или поточно кажано како сакате да ги сфатите работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП