25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата Nokia 7 има двојнa камера и двојно е поевтина од Nokiа...

Новата Nokia 7 има двојнa камера и двојно е поевтина од Nokiа 8 (видео)

По „Nokiа 8“, пуштен е и нов модел – „Nokia 7“, кој ќе се продава за 400 долари, што значи дека ќе може да се купи за 50 отсто пониска цена во однос на претходниот модел.

Новата „Nokia 7“ има 5.2-инчен екран, процесор „Snapdragon 630“, a ќе биде достапен во два модели: еден со 4GB RAM и 64 GB интерна меморија, додека другиот ќе има 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија.

Ова е втора „Nokia“ која поседува двојна камера која овозможува истовремено снимање на фотографии со предна и задна камера, комбинирајќи ги во една целина. Задната камера има 16, а предната пет мегапиксели.

Како и кај другите најнови „Nokia“ телефон, „Nokiа 7“ не е произведена од „Nokia“, туку од компанијата „HMD Global“ која има лиценца за користење на името „Nokia“.

„HMD Global“ во текот на оваа година ја претстави својата прва линија на „Nokia Android“ телефони. Во февруари беа пуштени во продажбата „Nokia 3“, „5“ и „6“, а сите овие телефони доаѓаат со процесор „Snapdragon 430“ и во принцип се продаваат да помалку од 300 долари.

Во август беше претставен премиум моделот „Nokia 8“ којсе продава за нешто повеќе од 700 долари.

„Nokia 7“ е последниот модел во низата модели кои се пуштени во продажба во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП