25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд загадувањето годишно умираат 9 милиони луѓе

Од загадувањето годишно умираат 9 милиони луѓе

Околу 9 милиони смртни случаи низ целиот свет се поврзани со загадувањето во најразлични форми, како што е аерозагадувањето, загадувањето на почвата, водата или професионалното загадување, покажува новото истражување објавено во британскиот магазин „Лансет“.

Аерозагадувањето најмногу придонесува за рана смрт, покажува најновото истражување на комисијата за загадување и здравје. Оваа форма на загадување е поврзана со 6,5 милиони смртни случаи во 2015. Загадувањето на водата е одговорно за смртта на 1,8 милиони луѓе, а загадувањето поврзано со работното место за 0,8 милиони смртни случаи. Овие два вида загадување се следни по аерозагадувањето, како најголеми ризик фактори, се вели во извештајот од истражувањето.

Најголем број од смртните случаи поврзани со загадувањето, или 92 отсто, се меѓу луѓето што живеат во ниско и средно развиените земји. Еден од четри рани смртни случаи се меѓу нациите кои се обидуваат забрзано да се индустријализираат, како што се Пакистан, Кина, Бангладеш, Мадагаскар и Кенија. Овие смртни случаи се поврзуваат со нечист воздух, вода и почва или со друг вид загадување.

Ова  е прва студија која ги прибира податоците од болестите и смртните случаи предизвикани од загадувањето на воздухот, водата и почвата.

„Загадувањето е голем проблем зашто луѓето не го гледаат, поради тоа што гледаат само расфрлани делови од него“, вели главниот автор на студијата, епидемиологот Филип Ландриган за „Асошиејтед прес“.

Економистите од комисијата направиле и посебна анализа колкави се трошоците од смртните случаи поврзани со загадувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП