20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе ги слушајте буквално сите совети, не се сите корисни за напредок...

Не ги слушајте буквално сите совети, не се сите корисни за напредок во кариерата

Ова се совети кои секојдневно ги слушате од пријателите, семејството, колегите па дури и од непознати луѓе, иако добронамерни тие не се нужно добри. Еве ги и причините зошто не треба да ги слушате:

Да ја напуштите работата доколку не ве исполнува

Секоја сака да ја најде работата која ја сака и која го исполнува, но некогаш патот до неа е долг. Почетничките бизниси од вас бараат ги извршувате најлошите работи пред да ви се пружи вистинската шанса. Доколку сепак разберете дека работата не е за вас, немој да давате отказ туку искористете го тоа време прво да најдете подобра работа.

Не си ти платен за тоа

Шефовите предупредуваат дека младите кои го „дигаат носот“ кога од нив ќе се побара да направат нешто што можеби не е во нивниот опис на работа, создаваат лоша слика за себе. Доколку сериозно пристапите на извршувањето на тие обврски, ќе стекнете доверба во надредените, кои подоцна ќе ви даваат посериозни задачи.

Зошто не „бркаш врски“?

„Важно е да се има врски“. Тоа не е баш точно. Пред да „бркате врски“, изградете квалитетни врски со луѓето. Добрите контакти можат многу да помогнат но обидете се вашите квалификации, искуства и способности да бидат на вистинското ниво.

Зборувај само кога ќе те прашаат нешто

Вработените би требало да можат искрено да разговараат со надредените. Немојте да чекате вашите надредени да ве прашаат дали постои некој проблем и немојте да се воздржувте на поставените прашања доколку нешто не ви е јасно.

Важно е само да имаш диплома

Дипломата е важна, но некогаш продолжувањето на школувањето не е најдобар начин за напредување во кариерата. Треба добро да размислите дали дипломата ќе ви помогне да ги остварите своите цели и дали потрошените пари и време на неа се вредни за тоа. Понекогаш специфичната едукација или работното искуство е подобро решение за вас.

Мораш да научиш да работиш повеќе работи одеднаш

Младите кои пораснале користејќи ги сите можни современи технологии лесно можат да паднат во замка обидувајќи се да направат повеќе работи одеднаш. Немојте да се залажувате дека така ќе завршите повеќе работа. Нашиот мозок најдобро функционира кога решаваме еден по еден проблем.

Мораш да почнеш некаде

Во лоша економија младите често се принудени да работат работи за кои се преквалификувани или немаат допирни точки со кариерата кон која се стремат. Експертите предупредуваат дека треба да се биде претпазлив при прифаќањето на ваквите работи, бидејќи може да биде потешко отколку што мислите да се вратите на првобитните планови.

Задржи се на таа работа барем една година

Вашиот иден работодавач мора да види дека сте истрајни во нешто што ќе го започнете, затоа често ќе слушнете „остани на тоа работно место барем една година“. Но ако на тоа место сте многу несреќни и преживувате голем стрес, вашата работа ќе трпи, а вие ќе ја губите самодовербата, а тоа лошо ќе влијае на понатамошниот развој на вашата кариера.

Испрати CV секаде каде што бараат работници

Во потрагата по работа, најчест совет што ќе го слушнете е да се пријавите на што повеќе огласи за работа, но со ваква стратегија губите драгоцено време и енергија. Конкурирајте за работите што навистина би ги работеле.

Избриши од CV-то се што не е важно за работата за која конкурираш

Шефовите велат дека секое претходно искуство е важно при избирањето на кандидатите. Иако можеби немаат врска со работата за која конкурирате, работните искуства за кои не е потребна квалификација или волонтирање, можат да ги покажат вашите интереси и подобро да го опишат вашиот карактер на потенцијалниот работодавач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП