23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДи Александер, „Интерзоне“ и Орландо Џулиус вечерва на Скопскиот џез-фестивал (видео)

Ди Александер, „Интерзоне“ и Орландо Џулиус вечерва на Скопскиот џез-фестивал (видео)

На Скопскиот џез-фестивал вечер ќе настапи Ди Александер, една од најталентираните и најпочитувани вокалистки од Чикаго. Познатата џез-пејачка со својот квартет доаѓа во Европа само за овој концерт.

Во меките, сензуални балади, но и во динамичното „скет-дивеење“, Ди пее со импресивна вокална длабочина и експлозивна драматичност. Израсната во опкружување во кое најмногубројни биле плочите на Дајна Вашингтон, таа ги наведува Сара Вон и Ела Фицџералд како свои најголеми влијанија. Тука е и чикашкиот саксофонист Хенри Хаф, кој ја насочи на вистинскиот пат до совршенството во вокалната импровизација, наведува Скопски џез-фестивал.

Пред настапот на Ди Александер во Македонската опера и балет концерт ќе има и триото „Интерзоне“ на трубачот од Австрија, Марио Ром. Групата со својата невообичаена инструментација (труба, бас и тапани) се покажа способна виртуозноста и хуморот да ги преточи во една забавна целина оставајќи впечаток дека се четири, пет или повеќе музичари.

На денешната програма е и еден од двата полноќни концерта на ова фестивалско издание, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар ќе настапи музичарот од Нигерија Орландо Џулиус со британскиот бенд „Хелиоцентрикс“. Џулиус од 60-тите ја популаризира афро-поп музиката и ги соединува традиционалните африкански звуци и ритми со оние на американскиот поп, соул и ритам и блуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП