25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на аквакултури во ЕУ достигна 4 милијарди евра

Производството на аквакултури во ЕУ достигна 4 милијарди евра

Индустриското производство на аквакултури во Европската унија достигна 4 милијарди евра во 2015-та година, објави „Еуростат“. Производството достигна 1,3 милиони тони или 19,9% од собраната риба во ЕУ.

39.000 лица (28%) од секторот за рибарство се вработени во фарми на база на вода и 102.000 (72%) во рибарството.

Пет земји-членки обезбедуваат 75% од производството во ЕУ.

Во 2015-та година, повеќе од половина од рибните производи на Заедницата ги обезбедува Шпанија (294.000 тони или 23% од производството во ЕУ), Велика Британија (212.000 тони, 16.6%) и Франција (180.000 тони или 14, 1%).

Други главни производители се Италија (149.000 тони, 11.6%) и Грција (106.000 тони, 8,3%).

Рангирањето се менува ако ја земете во предвид генерираната економска вредност.

Прв во 2015-та година е Обединетото Кралство, генерирајќи 24,1% (995 милиони евра). Следат Франција (627 милиони евра, 15.2%), Шпанија (513 милиони евра, 12.4%), Грција (463 милиони евра, 11.2%) и Италија (437 милиони евра, %).

Овие пет земји поседуваат три четвртини од пазарот на аквакултури во ЕУ, во обем и вредност.

ЕУ извезува 1,2% од светското аквакултурно производство во 2015-та година и 2,8% според вредноста.

Рибите и мекотелите како тежина сочинуваат 98,2% од производството на аквафермите во ЕУ, па производството на ракови, алги и други организми е многу малку.

Иако голем број видови (над 130) се одгледуваат во ЕУ, трите најчести видови се медитеранската школка, атлантскиот лосос и пастрмката обезбедуваат над половина од вкупната тежина на производството (54%) и над 40% од вредноста.

Десетте најчести типови покриваат 90% од производството по тежина и 87% од вредноста.

Атлантскиот лосос обезбедува четвртина од вкупниот (24,4%) од секторот, иако е втор по волумен (15,1%). Од друга страна, медитеранската школка е главен вид во волумен (25,1%), но значително е помал во вредноста (4,8%).

Производството на аквакултури е високо специјализиран сектор, во голема мера зависен од географската локација на земјите и природните живеалишта на видот. Обединетото Кралство е главен производител на атлантскиот лосос (95% од вкупното производство на ЕУ во 2014-та година), а Грција произведува 59% од цупурата и 51% од лавракот. Во исто време, Шпанија е водечки производител на медитерански школки на ЕУ (70%) и Франција на остриги од Пацификот (87%).

Според податоците аквакултура е од се поголемо значење за земјите околу Средоземното и Црното Море, како Словенија, Малта, Кипар, Романија, Грција, Бугарија и Италија. Таму, рибите се главно се ловат на брегот и во мали садови.

Така аквакултура добива главна улога во однос на вкупното производство на риба со обем од 81,6% – Малта, 78,7% – Кипар, 69,5% – Романија, 62,2% – Грција, 54,9% – Бугарија и 43, 8% Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП