29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOтворени за сообраќај се граничните премини кон Грција

Oтворени за сообраќај се граничните премини кон Грција

Граничните премини кон Грција утринава се отворени за сообраќај, информира АМСМ.

Сообраќајот на граничните премини „Меџитлија“, „Богородица“ и „Стар Дојран“ вчера беше во прекин поради штрајк на грчките службеници.

На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, а интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП