25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens планира да oтпушти неколку илјади вработени

Siemens планира да oтпушти неколку илјади вработени

Германскиот концерн „Siemens“ ја започнува веројатно најголемата кратенка на вработени од пред најмалку две години и може да затвори неколку објекти, како дел од планот за реорганизација, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Отпуштањата ќе се случат во енергетската единица и во индустрискиот сектор, тврдат изворите, кои побарале анонимност, бидејќи плановите уште не се објавени. Може да има отпуштања на илјадници вработени во енергетскиот бизнис, кој произведува турбини, а во другата поделба отпуштањата ќе бидат значителни, вели еден од изворите.

Веста која најверојатно ќе биде објавена официјално во почетокот на ноември, може да се покаже како најголемата реорганизација на „Siemens“ откако извршниот директор Џо Кезер започна со намалувањето на 4.500 места во мај 2015-та година. Откако Кезер ја презеде функцијата во 2013-та година, беа реализирани над 15.000 отпуштања иако е тешко да се пресмета финалната бројка, бидејќи за бројот често се преговара од синдикатите.

„„Siemens“ систематски и успешно примени стратегијата „Визија 2020“. Покрај сето друго продолжуваме да мислиме за правилно стратешко утврдување на нашите бизниси“, вели портпаролот на компанијата Филип Енц во изјавата од четвртокот. „Ова може да вклучува консолидирање на одделните активности, ако пазарните услови го прават тоа потребно“.

Се очекува отпуштањата да состанат сериозна опозиција од најмоќните германски синдикати и претставниците на работниците. „Неподносливо“ е дека илјадници вработени се загрижени поради гласини, рече Хаген Рајхмер, портпарол на синдикатот „IG Metall“.

„Ако „Siemens“ навистина планира сериозни намалувања на објектите и екипата, „IG Metall“ нема да го прифати тоа без отпор и ќе работи со работничките совети и сили, за да обезбеди контраодбрана“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП