19 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.10.2017

Дневен хороскоп 20.10.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можни се мали штети поврзани за вашето поле за финансии. Потрудете се да го надминете тоа. Во љубовта односот со саканото лице нема да биде онаков како што посакувате.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да ви се појават некои непредвидени трошоци, па со самото тоа ќе ви се променат и плановите. Комуникацијата со партнерот нема да ви биде баш најдобра, престанете да се карате.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку размислувате за прекин на работата, можно е денес да ја донесете конечната одлука. Во љубовта нема да можете да го одржите мирот кој ви е потребен.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можно е да ви дојдат некои промени на полето за работа, само треба смирено да се однесувате. Бурата ќе дојде и ќе помине. Во љубовта исто така ситуацијата е неповолна.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можни се мали недоразбирања или кавги со колегите, особено со некој со високо его. Во љубовта ве очекува ново познанство.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Функционирате под голем притисок денес. Пред вас е ден во кој нема се да оди според планираното. Во љубовта партнерот ќе ве навреди на некој начин.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можно е да не остварите се што сте планирале, но сепак ситуацијата нема да биде воопшто лоша. Во љубовта слободните ќе освојат некоја личност која им се допаѓа, а оние во врска или брак ќе уживаат со партнерот.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред вас е можност да остварите унапредување на ова поле, потрудете се да го дадете максимумот кој се очекува од вас. На љубовното поле денес ќе постојат бурни промени и случувања.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекува прилично напорен ден во кој на испит ќе бидат ставени вашата концентрација и организација. Во љубовта ќе имате прилика за необврзувачка авантура.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку имате приватен бизнис можни се мали компликации. Во љубовта денес ќе се појават мали кавги и недоразбирања, но брзо ќе поминат.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашето искуство ќе ви помогне во извршувањето на сите задачи. Во љубовта ви се допаѓа лице со кое имате пријателски однос, а најверојатно и тоа го чувствува истото за вас.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да се надевате дека ќе остварите големи чекори на полето за работа. Пред вас е шанса за успех. Во љубовта ве очекува стабилна состојба, ден исполнет со многу љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП