18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлфабет инвестира милијарда долари во "Lyft"

Алфабет инвестира милијарда долари во “Lyft”

Компанијата Алфабет, која е сопственик на Гугл (Google), ќе инвестира една милијарда долари во сервис за транспорт “Lyft”, со што ќе го зголеми раздоропт со “Uber”.

Алфабет преку својата компанија “CapitalG” ќе инвестира пари во “Lyft” , чија вредност  е проценета на 11 милијарди долари, објави АП.

“Lyft” е далеку помала компанија од “Uber”, чија вредност се проценува на околу 70 милијарди долари, но “Uber” е под влијание на внатрешните спорови со раководството и тврдењата за сексуално вознемирување, каде еден од основачите Тревис Каланик ја напушти компанијата.

“Lyft”  сака да ги искористи превирањата во “Uber” за да го прошири својот пазар во неколку градови во САД. Сега нивните возачи можат да ги повикуваат 95 проценти од населението во САД, додека на почетокот на годината би можеле само 54 отсто.

Гугл беше меѓу првите инвеститори во “Uber” и има удел во таа компанија, но тој исто така е во конфликт со неа.

Одделението за автономни возила “Waymo” во сопственост на Гугл гу тужеше “Uber” наведувајќи дека компанијата ангажирала некои од неговите инженери со план да се украдат службени тајни. Судењето е закажано за декември, и ако “Waymo” го добие случајот, “Uber” можеби ќе мора да плати милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП