20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВината на Стоби со два златни и еден бронзен медал на Балкански...

Вината на Стоби со два златни и еден бронзен медал на Балкански натпревар за квалитет

securedownload

Ова е одлуката на 16 меѓународни судии кои одлучуваа со силна конкуренција на винарии од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција, Романија, Хрватска, Унгарија, Словенија и Црна Гора.

Златни медали за Merlot Barrique и Aminta, бронзен за Vranec Veritas се наградите кои ги доби Винаријата Стоби на Балканскиот меѓународен вински натпревар за квалитет на вина што се одржа изминатите два дена во Бугарија. Ова е одлуката на 16 меѓународни судии кои одлучуваа со силна конкуренција на винарии од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција, Романија, Хрватска, Унгарија, Словенија и Црна Гора.

„Годинава нашиот квалитет, со големиот број на награди на меѓународни натпревари, доби меѓународно признание како ретко која винарија во Македонија. Кога зад себе го имате искуството на мајсторите на виното искомбинирана со ретка на овие простори технологија за производство на вино успехот е повеќе од очекуван. Тоа се покажува и со зголемениот обем на извоз што го има винаријата во последната година. Квалитетот не подлежи на никакви компромиси, ние во винаријата Стоби тоа најдобро го знаеме“, изјави Ема Андрашевска маркетинг менаџер на Винаријата Стоби.

Овој меѓународен натпревар се одржува по вторпат. На него учествуваа над 40 винарии од регионот со 400 вина кои беа оценува од истакнати меѓународни судии. Идејата на натпреварот е да се покаже големиот квалитет на вината од Балканот како можност за поголема меѓународна промоција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП