19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПромени во празничниот календар на Премиер лигата

Промени во празничниот календар на Премиер лигата

Англиската Премиер лига заедно со британските ТВ-мрежи се договори, сепак, да нема фудбалски преноси на Бадник според грегоријанскиот календар.

Најавата беше дека мечот Арсенал – Ливерпул ќе биде преместен од 23 декември на 24 декември, на што луто реагира тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, но и неколку навивачки групи.

Наместо тоа, дуелот сега ќе се одигра на 22 декември, а другите девет меча ќе се играат на 23 декември, почнувајќи од Евертон – Челси во 13.30 часот и завршувајќи со Лестер – Манчестер јунајтед во 20.45 часот. Претседателот на Премиер лигата, Ричард Скадамор, вели дека календарот не помогнал оваа година.

„Со мечеви на викендот кога паѓа Божик првпат во 11 години беше тешко да се изберат натпреварите“, признава Скадамор.

Премиер лигата е единствената од елитните европски лиги во кои има натпревари околу Божик, нешто што е вклопено во историјата на англискиот фудбал. До 1958 година сите натпревари се играа на Божик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП