19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда на грбот и Бердих предвреме ја заврши сезоната

Поради повреда на грбот и Бердих предвреме ја заврши сезоната

Томаш Бердих е последниот тенисер кој реши да ја заврши сезоната предвреме по објавата дека нема да игра во Виена и на мастерсот во Париз поради повреда на грбот.

32-годишниот светски рекет број 18 уште имаше мали шанси да се пласира на завршното АТП-финале во Лондон осми пат во кариерата, но реши дека му е потребна пауза.

„Играв со болки во грбот од Вимблдон и во последниот меч во Пекинг ситуацијата стана полоша. Мојот тим ми советуваше да одморам неколку недели за да можам да бидам подготвен за вистинско враќање на почетокот на 2018“, изјави Бердих.

Претходно, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Кеи Нишикори, Стен Вавринка и Милош Раонич ја завршија сезоната предвреме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП