16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтрактивно штедење од ПроКредит Банка

Атрактивно штедење од ПроКредит Банка

ProCreditBank_Logo

ПроКредит Банка го прилагoди процесот на штедење кон граѓаните со тоа што ги зголеми каматните стапки за штедење по видување во денари, и додаде можност за достапност на заштедата на банкоматите, преку штедната сметка на дебитната картичка на клиентот.

И уште повеќе, отсега клиентите ќе можат самостојно да префрлаат средства од трансакциска на штедната сметка преку електронско банкарство.

Дел од мисијата на ПроКредит Банка е градење на култура на штедење и зајакнување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор. Целта е да ги стимулираме граѓаните да штедат во банка, на практичен и поволен начин преку атрактивни услови.” – изјави Горан Хаџипетров, Директор на Дивизијата за физички лица.

ПроКредит Банка како Банка со доминантен Германски капитал и дел ПроКредит Групацијата која брои 21 финансиска институција ширум светот, традиционално ја промовира културата на штедење и во иднина ќе продолжи да ги унапредува услугите за граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП