24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПоради оваа вила ќе посакате да се преселите во Шпанија (фото)

Поради оваа вила ќе посакате да се преселите во Шпанија (фото)

Оваа вила, смeстена во најпрестижниот резиденцијален дел Коста дел Сол во срцето на Марбела, наречена е Golden Mile Villa…

Тоа можеби и не е толку важно, кога ќе ја забележите нејзината убавина, која доаѓа со прилично висока цена од 9,800,00 долари. За тие пари идните сопственици на оваа убавица ќе имаат прилика да уживаат во спректакуларните погледи на море и планина, како и бројните други погодности и елементи, како фантастичната природна градина со базен со греење, мермерните подови, во целост опремена кујна, подното греење, двојната глазура, сателитска телевизија и бројни други услуги.

Оваа луксузна вила има шест пространи спални соби и осум бањи, со вкупна површина од 1.500 квадратни метри, распоредени на пет нивоа. Ако специјалната игротека, сауната, барот, делот за скара, апартманот за гости или масивната гаража за четири автомобили не ве воодушеват, слободно прошетајте во дворот на оваа вила, кој има 5.000 квадратни метри.

Да бидеме искрени, уживањето покрај базенот со освежителен пијалок во рака и уживањето во прекрасни, смирувачки погледи кои се овозможени не наведоа да посакаме да биде наша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП