25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДесар Сулејмани ќе одржи концерт на фестивалот за современа музика

Десар Сулејмани ќе одржи концерт на фестивалот за современа музика

Во рамките на фестивалот за современа музика МОДОАРС 2017 година, концерт ќе одржи пијанистот Десар Сулејмани. Концертот ќе се одржи на 22 октомври во 20 часот во Националната галерија Даут Пашин Амам. Гостин на концертот ќе биде пијанистката Ема Попивода со која ќе настапат со дела од Шуман, Лист, Глинка, Харапи, Задеја, Ворпси, Менџики, Вебер и Рахмањинов.

Десар Сулејмани е пијанист и диригент кој повеќе од 19 години живее и работи во Германија. Како пијанист, диригент, и како дел од камерен ансамбл настапувал во многу европски земји, Азија и Јужна Африка. Учел пијано, камерна музика и диригирање на Универзитетот за уметности Фолкван во Есен и Универзитетот за музика Роберт Шуман во Дизелдорф, Германија.

Неговата кариера како диригент ја започнува во 2003 година и оттогаш диригира со повеќе од десетина оркестри во Германија , како и со националните симфониски оркестри на Албанија, Косово и Узбекистан. Активно работел и како пијанист и дирегент во повеќе оперски куќи во Германија и Албанија.

Во октомври 2015 година, како уметнички директор и диригент ја работи новата балетска продукција на „Кармина Бурана“ , заедно со унгарскиот кореограф Јури Вамос, за да премирено го изведат најголемиот спектакл со преку 200 изведувачи во албанската опера и балет. Во 2016 година, Десар Сулејмани е уметнички директор и диригент на новата поставка на операта „Магичната флејта“во театарот Јобург во Јоханесбург, Јужна Африка, каде добива позитивни критики и од публиката и од музичката критика.

Десар Сулејмани е коосновач и диригент на германскиот оркестар German Rhine Philharmonic Orchestra, а од 2017 година е и уметнички директор на концертните серии Pro Klassik во Конигсвинтер – Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП