25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple до 2019 ќе произведе ново пенкало за прецизно пишување и цртање...

Apple до 2019 ќе произведе ново пенкало за прецизно пишување и цртање на екранот (видео)

Компанијата Apple планира до 2019-та година на пазарот да претстави ново пенкало Apple Pencil кое што на корисниците на iPhone и iPad ќе им овозможи целосно нова прецизност во пишувањето, скицирањето или цртањето на екранот.

Новото пенкало на Apple ќе може да се користи за различни графички функции, дизајнирање, анимација, како и за секојдневното пребарување на интернет, испраќање на пораки и слично.
Бројните графички дизајнери и архитекти кои што со години им се верни на производите на Apple посебно ќе бидат задоволни од новото пенкало на американската компанија со чија што помош ќе можат да завршат работа на полесен начин и на своите телефони.

Како и претходните модели на пенкала на Apple, и новото ќе се полни со помош на USB кабел. На пример, со полнење од 15 секунди, пенкалото ќе може да работи до 30 минути. Корисниците ќе можат да го менуваат врвот на пенкалото кога ќе се потроши, а во секое пакување ќе добијат по еден заменски.

Основачот на Apple, Стив Џобс беше против користењето на екраните чувствителни на допир , но како што се еменуваше времето и пазарот зајакнуваше и iPhone мобилните добија големи стаклени екрани, а потоа и пенкала. Најголемиот конкурент на Apple, Samsung веќе со години нуди моќни паметни телефони во комбинација со пенкало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП