19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо закон ќе се забрани работењето во недела и на празник во...

Со закон ќе се забрани работењето во недела и на празник во Словенија

Новиот Закон за трговија во Словенија предвидува затворање на продавниците во недела и на празници, а би можел да стапи на сила во февруари следната година.

Со помош на коалициските партнери, независниот пратеник Андреј Чуш собрал 25 потписи потребни за општа расправа во парламентот за измени во законот.

„Пред да стапи на сила, законот мора да помине во парламентарниот Одбор за економија, и измените на законот може да бидат усвоени на пленарна седница во декември“, оценил Чуш.

Тој вели дека најголемата коалициска партија во Словенија ги поддржува измените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП