29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Додека Данте спие“ од Силвија Митевска објавена во Италија

„Додека Данте спие“ од Силвија Митевска објавена во Италија

Во издание на издавачката куќа ,,Беса Саленто’’ од Италија, излезе во печат збирката раскази ,,Додека Данте Спие’’ на писателката Силвија Митевска.

Делото од македонски на италијански јазик го преведе Д-р. Лучиана Гуидо Шремп, која работи на Катедрата за италијански јазик и Книжевност при Филолошкиот факултет.

Според најавата на издавачот, во центарот на приказните во збирката „Додека Данте спие“, проза која се чита во еден здив, се ликови со кои е лесно да се идентификуваш, мажи и жени кои би можеле да бидат секој од нас а кои, во исто време имаат поинаков поглед на реалноста.

Промоција на италијанскиот превод на збирката раскази е закажана за ноември, во рамките на италијанската недела на промоција на италијанскиот јазик што ќе се одржи во Скопје.

Претходно, Силвија Митевска со расказот ,,Сонот на Лучиа’’, ја освои специјалната награда ,,Слоу фуд тера мадре’’ на дванаесетото издание на националниот конкурс ,,Мајчин јазик’’, во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП