25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегистрирани неколку земјотреси во Пехчево и Берово

Регистрирани неколку земјотреси во Пехчево и Берово

Серија земјотреси утрово ги вознемирија жителите на Пехчево, Берово и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 115 километри југоисточно од Скопје, и потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево-Кресна.

Оваа серија земјотреси најсилно се почувствувала во Пехчево, Берово и околината.

Времето, магнитудата и осетеноста се следните: во 10 часот почувствуван е земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, во 10 часот и 17 минути земјотрес со јачина од 2,3 степени, во 10 часот и 19 минути од 2,6 степени, потоа во 10 часот и 27 минути почувствуван е земјотрес со јачина од 3,1 степен и во 10 часот и 54 минути земјотрес со јачина од 2 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП