20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабележани 450.000 финансиски измами на социјалните мрежи

Забележани 450.000 финансиски измами на социјалните мрежи

Финансиските измами на социјалните мрежи оваа година двојно се зголемија во споредба со 2016 година и тоа стана доста загрижувачки, бидејќи се чини дека сајбер криминалците најдоа нов начин за пронаоѓање жртви и притоа добро да заработат.

Се разбира, тие најмногу ги користат измамите на Фејсбук и Твитер, но се повеќе се користат и Инстаграм, Линкдин и Снапчат.

Поточно, во првите седум месеци од 2017 година, според извештајот потпишан од  ZeroFOX измамите достигнале 437.165, додека во целата 2016 година биле 250.000. Исто така, ако секоја од овие измами успее, оние кои стојат зад нив ќе направат скоро 181 милион американски долари.

За среќа, на измамите не наседнуваат сите, тие се практично занемарливи во целост, но според нивниот приход тие се многу конкретни. Имено, во оваа година 18.175 лица беа измамени и секој од нив претрпе финансиски загуби во просек од 414 долари. Многу добра плата за некој кој не ги троши своите ресурси за да стигне до пари.

И целиот принцип е едноставен, луѓето се намамуваат со нереални понуди, кои ветуваат огромни заработки. Покрај тоа, сите на прва делуваат многу веродостојно, па порано или подоцна ќе се фатат на “јадица”, дали на начин да остават податоци од кредитна картичка или лозинка за пристап на сметката, бидејќи жртвата мисли дека е типична финансиска услуга, попозната под кратенката FinServ. Кога луѓето ќе разберат што се случува, обично е предоцна.

Исто така, тоа не е единствениот начин на кој жртвите ги измамуваат преку социјални мрежи. Имено, кога Фејсбук, Твитер и други ќе ги разоткријат и отстранат од сајтот, хакерите ги користат податоците од жртвите и им испраќаат директни пораки, главно СМС. Ова дополнителна влева доверба, и со наивното кликање на линковите содржани во пораката, веќе нема враќање.

За жал, бројот на измамени нема да се намалува, бидејќи секоја година на социјалните мрежи има корисници се повеќе и овие три проценти кои ќе наседнат ќе им донесат огромно богатство на хакерите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП