28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕднакви плати за домашните и странските работници во ЕУ

Еднакви плати за домашните и странските работници во ЕУ

Направен е првиот чекор, според кој странските работници треба да имаат иста плата како и домашните за истата работа.

Според медиумите, Комисијата за труд и социјална политика на Европскиот парламент усвои извештај за предлогот за измена на Директивата за странски работници, кој е еден од првите чекори во законодавниот процес за промена на правилата според кои странските работници треба да бидат платени исто како домашните за истата работа.

Според предлогот на Комисијата, странскиот работникот треба да има иста плата и исти работни услови како работниците во земјата, додека со моменталните важечки прописи, работниците се обично платени према стандардите на државата од која доаѓаат.

Со тоа компаниите од посиромашните земји би ја губеле конкурентската предност и тие не можат да добијат работни места во побогатите земји-членки, кои ќе имаат негативно влијание врз вработеноста. За промена на правилата најмногу инсистира Франција и нејзиниот претседател, Емануел Макрон, тоа дури го стави и во предизборната програма. Најзастапени се работниците во градежниот сектор.

По прифаќањето на Комитетот, текстот се упатува на седница на Европскиот парламент, која ќе гласа за него следната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП