18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер тргнува по Видал?

Интер тргнува по Видал?

Артуро Видал е отворен за шансата да се приклучи на тимот на Интер веќе во јануарскиот преоден рок, тврди италијанската веб-страница „Тутомеркато“.

Ова не е првпат чилеанскиот интернационалец да биде поврзуван со враќање во Италија, каде што играше за тимот на Јувентус од 2011 до 2015 година. Сега се тврди дека заминувањето на Карло Анчелоти како тренер од тимот и барањето нов предизвик го натерале Видал да размислува за брзо заминување од Баерн Минхен.

30-годишниот Видал би можел да дојде во Милано како позајмен играч, со опција за откуп на договорот на крајот на сезоната бидејќи има валиден договор со Баерн до 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП