20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа 25 октомври Македонската филхармонија ги отвора вратите за публиката

На 25 октомври Македонската филхармонија ги отвора вратите за публиката

Македонската филхармонија ја отвора новата сезона на 25 октомври (среда) кога во 20 часот ќе се одржи првиот концерт во новиот музички храм на македонскиот врвен пијанист Дино Имери.

Тој пред публиката ќе го свири Концертот за клавир и оркестар бр. 1 од Петар Илич Чајковски, еден од најпознатите и најубави концерти во класичната музика.

Зад диригентскиот пулт ќе застане нашиот маестро Борјан Цанев, кој заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и прекрасните „Римски фонтани“ од Оторино Респиги и атрактивната тонска поема „Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел“ од Рихард Штраус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП