16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООхрид доживеа висок пораз од Ловќен

Охрид доживеа висок пораз од Ловќен

АВ Охрид доживеа висок пораз од 94:72 на гостувањето кај Ловќен во Цетиње во второто коло на втората АБА-лига. Црногорските домаќини имаа убедливо водство уште од првата четвртина за на крајот да победат со превисоки 22 поена разлика 94:72 (24:17/23:20/24:17/23:18).

За охриѓани најефикасни на теренот беа странците – Американецот Кенет Рос уфрли 23 поени, Французинот Реми Бери имаше 16 поени, а бугарскиот интернационалец Станислав Цонков имаше 15 поени. За Ловќен најдобар беше босанскиот џин, Драшко Албијаниќ, кој доминира со 26 постигнати коша, 7 скока и три асистенции.

Следниот регионален тест за Охрид доаѓа в среда кога во „Билјанини извори“ гостува српскиот Вршац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП