19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро ќе заврши „доматната“ војна меѓу Русија и Турција

Наскоро ќе заврши „доматната“ војна меѓу Русија и Турција

Од 1-ви декември, турските домати ќе се продаваат во Русија, објави „ТАСС“. Четири турски компании добија испорака по 50.000 тони.

Се подготвуваат промени во прописите, за да стане можен увозот од 1-ви декември, соопшти пред новинарите копретседателот на руско-турската меѓувладина комисија Александар Новак.

„ТАСС“ потсетува дека по сложените политички односи Русија забрани увоз на различни земјоделски производи од Турција од 1-ви јануари 2016-та година. Тоа беше одговор на падот на руски воен авион од турските борбени авиони во крајот на 2015-та година.

Досега, сите ограничувања беа отстранети, со исклучок на оние за доматите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП