24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје го доби првиот полнач за електрични возила

Скопје го доби првиот полнач за електрични возила

Станицата за полнење електрични возила официјално беше пуштена во употреба во „Парк Хотел и Спа“. На настанот присуствуваше еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата што го употреби новиот полнач.

Со оваа инвестиција Скопје се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network), преку која се очекува електрификација на автопатиштата во регионот. Проектот „Едисон“ се промовираше во рамките на „Самит 100“ за бизнис-лидери на Југоисточна Европа.

„Токму затоа е формиран проектот ‘Едисон’, кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела Југоисточна Европа преку концептот ‘Едисон е-сити’, со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси. Сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи ‘Едисон’ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и до Тирана во должина од 1.400 километри“ – изјави координаторот на проектот „Едисон“, Изток Селјак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП