28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои се вистински шеќерни бомби

Намирници кои се вистински шеќерни бомби

Ви претставуваме список со намирници кои содржат најмногу шеќер.

Шеќерот е една од четирите намирници наречени „бела смрт“, а бројни експерти го посочуваат шеќерот како директен или индиректен извор на многу болести.

Овој пат ви претставуваме листа со намирници, кои во себе содржат неочекувано многу шеќер.

До 26 проценти шеќер содржи една топка сладолед и едно фрапе.

До 50 проценти шеќер содржат сосовите за салата, кечапот, и чоколадниот прелив.

На наше големо незадоволство, разните видови житни плочки, енергетски плочки, овошни плочки со житарици содржат до 56 проценти шеќер.

Намирниците кои содржат и до 60 проценти шеќер се џемовите, мармаладите, чоколадните намази.

Високо на листата се и кексите, колачите и тортите (71 процент), сушеното овошје (81 процент шеќер) и кандираното овошје и слатките со нугат (83 проценти шеќери).

Први на листата со намирници кои содржат најмногу шеќери се пијалоците во прав и соковите на растварање со 94 проценти шеќер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП