18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСојузот на стопански комори прогласен за „Шампион за мал бизнис“

Сојузот на стопански комори прогласен за „Шампион за мал бизнис“

По изборот на првиот шампион, корпорацијата „Гугл“, минатиот месец Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со проектот „Светска мрежа за мали бизниси” од страна на Светската трговска организација и Интернационалната стопанска комора е официјално прогласен за втор „Шампион за мал бизнис“.

Овој голем успех за Република Македонија и официјално беше проследен со заедничка изјава на Роберто Азеведо, директор на Светската трговска организација, Џон Данилович, генерален гекретар на ICC, како и на Даниела Арсовска, претседател на Сојузот.

– Домашните компании по најнови светски трендови, со поддршка на Светската трговска организација и Интернационалната стопанска комора, преку Сојузот ќе имаат можност да го зголемат извозот. Малите и средни претпријатија ќе учествуваат во „Светската мрежа за мали бизниси“, со цел нивно полесно интегрирање во регионалните и меѓународни пазари, олеснување на пристапот до информации и градење на капацитетите за извоз. Идентификувани ќе бидат оние МСП кои имаат потенцијал за трговија на меѓународно ниво, а кои во моментот имаат ограничени можности, вештини, како и пристап до странските пазари. Уникатноста на проектот е што дава гаранција за компаниите да имаат ефикасни и безбедни деловни трансакции, како и нов сигурен партнер за соработка“ – изјави Арсовска.

Директорот на Светската трговска организација, Роберто Азевадо во заедничката изјава ден претходно истакна дека станува збор за креативен проект, нов дигитален продажен излог за МСП кој ќе овозможи да ги промовираат нивните производи и услуги, како и да ги користат непроменливите можности за обуки.

Учеството на МСП во меѓународната трговија е мало, најчесто поради сложени трговски постапки. Новите технологии помагаат да се надминат овие пречки и да се отвори поле за меѓународна трговија на малите и средни компании. Во таа насока, градењето инклузивен трговски систем е од големо значење. Зголемување на извозот на домашните компании е една од главните цели на Сојузот на стопански комори на Македонија за севкупен економски раст во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП