19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашето време чини пари, искористете го паметно!

Вашето време чини пари, искористете го паметно!

Најбогатиот човек на светот, има точно 1440 минути на ден за да ги заработи своите пари. Најобразованиот човек на светот има 168 часа неделно за учење. Колку време имате Вие?

Грант Кардон е многу успешен бизнисмен, мултимилионер. Тој накратко ја објаснува релацијата време-пари:

Кога луѓето велат “немам доволно време за да го завршам она што е потребно”, едноставно не е точно. Секој од нас, тргнувајќи од најбогатиот човек па се до најдобриот спортист, ги има истите 24 часа на располагање – рече тој.

Истражувањето покажува дека пред ТВ, просечниот американец губи околу три часа на ден. Тоа се неверојатни 65.700 минути годишно. Дали сте свесни за се она што можеше да го сторите за толку многу време?

Да речеме дека три минути во просек трае повикот кој ќе го подобри вашиот бизнис. Пресметајте колку повици сте биле во можност да направите за тоа време.

За истото тоа време сте можеле да ги подобрите своите вештини со читање книги или специјализирани списанија. Исто така сте можеле да испратите многу поголем број на емаил пораки на потенцијалните клиенти. Или едноставно сте можеле да поминете повеќе време со своето семејство.

Можеби сега сте малку поблиску до старата поговорка: Времето е пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП