19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвото моќно купе на Polestar (фото+видео)

Првото моќно купе на Polestar (фото+видео)

Компанијата „Poelstar“ која до неодамна беше фабричка тјунинг-работилница на „Volvo“, но веќе е посебен производител макар и дел од шведскиот концерн, го претстави својот прв модел. Ова е „Poelstar 1“.

Автомобилот е опремен со хибриден погон за кој техничките детали се уште не се објавени. Познато е само дека неговата моќност е 600 КС и вртежен момент од 1000 Nm. Само на струја возилото може да патува 150 км.

Според информации на британското издание „Autocar“, погонскиот систем на „Polestar 1“ се состои од 2,0-литарски бензински мотор кој ги придвижува предните тркала и два електромотори одговорни за работата на задните. Со помош на електроморите инженерите контролираат вектор на потисок кој го распределува вртежниот момент меѓу тркалата во свиоците.

Моделот е изграден на модуларната „SPA“ платформа на „Volvo“. Ова е првото возило во светот опремено со активно суспендирање „CESi“, развиено од „Öhlins“. Секој држач е опремен со електронски контролирани вентили кои, во зависност од стилот на возење и условите на патот, ја менуваат нивната ригидност. Параметрите се менуваат од кабината.

„Polestar“ додава дека 50% од компонентите на каросеријата се изработени од инженерите на компанијата без помош. Поголемиот дел од елементите на телото се направени од карбон, што дозволи 230 кг да се исфрлат од тежината. Распределбата на тежината е 48:52 во корист на задната оска.

Изработката на првиот самостоен модел на „Polestar“ ќе се одржи во фабриката во Ченгду (Кина). Моделот ќе има и уникатен систем за заклучување поврзан со паметен телефон на сопственикот. Само тој ќе може да го пренесе електронскиот клуч на други луѓе.

Следниот модел на „Polestar“ ќе биде целосно електричен. Првиот од нив – „Polestar 2“, ќе излезе во 2019-та година и ќе биде директен конкурент на „Tesla Model 3“. Потоа ќе се појави и електричен кросовер – „Polestar 3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП