25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите на ЕУ увезле храна со вредност од 101 милијарда евра

Земјите на ЕУ увезле храна со вредност од 101 милијарда евра

Земјите на Европската Унија минатата година увезле речиси 93 милиони тони храна од земјите надвор од Унијата, во вкупна вредност од 101 милијарда евра.

Во споредба со 2012 година, увозот на храна во ЕУ пораснал во обем за 6 отсто, а по вредност 18 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Од ЕУ лани се извезени околу 90 милиони тони храна на пазарите надвор од Унијата, во вредност од 84 милијарди евра.

Во однос на периодот од пред пет години, обемот на извезена храна е зголемен за 42 отсто, а вредноста за 20 отсто.

Холандија е најголем извозник на храна, следуваат Германија, Франција, Италија и Шпанија. САД се главен извозен пазар.

Од ЕУ најмногу се извезуваат житни култури, потоа овошје и зеленчук, месо, млечни производи и јајца.

Кога станува збор за увозот, ЕУ најмногу увезува овошје и зеленчук, потоа риба, кафе, чај, какао и зачини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП