29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 01.01.2018-та граѓаните од ЕХ-YU ќе можат да аплицираат за работа во...

Од 01.01.2018-та граѓаните од ЕХ-YU ќе можат да аплицираат за работа во Германија

Поради промени во законот за вработување во Германија беше забрането вработување на граѓани од територијата на поранешна ЕХ-YU.

Во овој момент граѓантите без пасош од ЕУ нема да можат да се вработат, ова важи за граѓаните со македонски, српски и босански пасоши, без разлика за која работа сакаат да аплицираат. Ова се однесува на сите работни места без оглед дали сакаат да аплицираат како медицинари, градежници, одржувачи на хигиена или нешто друго.

Од 1.1.2018-та стартува новиот закон за вработување според кој сите граѓани од поранешна Југославија чии држави не се дел од ЕУ ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните од ЕУ.

Тоа значи сите кои ќе пронајдат работодавач ќе можат да се вработат како и граѓаните од ЕУ, па заминувањето во амбасада повеќе нема да биде неопходен услов за добивање на работна дозвола.

А пронаоѓањето на сигурна работа и натаму ќе биде преку агенција како и досега. Моментално може да се вработат само граѓани со ЕУ пасоши.

Oваа информација сеуште не е потврдена од официјална институција, но според наводите,до крајот на 11-ти месец ќе биде потврдена и од официјални институции.

Оваа информација се потпира на фактот дека Германија има недостаток на 100.000 работници во медицинската бранша. Во останатите бранши фали и по половина милион работници, па поради тоа економијата претрпува штети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП