20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPiraeus Bank ја продаде српската единица

Piraeus Bank ја продаде српската единица

Најголемата грчка банка по обем на средствата – „Piraeus Bank“, ја продаде српската единица на „Direktna Banka“, соопштува „Ројтерс“.

Агенцијата забележува дека банката се уште не може да се ослободи од проблемите поврзани со падот на грчката економија и високата невработеност во земјата, и планира да се раздели и со другите бизниси на Балканот.

Ова ги вклучува и единиците на „Piraeus“ во Бугарија, Романија, Албанија, како и во Украина, за да ја намали странската изложеност, пишува уште „Ројтерс“.

Банката соопшти преку својот сајт дека го продава српскиот бизнис за износот меѓу 58 милиони евра и 61 милиони евра, а точната цена ќе биде одредена од финансиската состојба на средствата на денот на продажбата. Очекувањата се зделката да биде финализирана до крајот на првиот квартал на 2018-та година, откако доби одобрување од регулаторите.

За финансиски советник при продажба беше избран „BNP Paribas“.

Со цел да се стабилизира нивната држава, другите грчки банки, исто така, се откажаа од своите средства во странство. „National Bank of Greece“ пример ја продаде „ОББ“ на „KBC“ и романската поделба на „OTP“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП