23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏорџ Сорос донираше речиси 80% од своето богатство

Џорџ Сорос донираше речиси 80% од своето богатство

Милијардерот Џорџ Сорос донираше поголем дел од своето богатство во неговата добротворна организација, објави „Wall Street Journal“.

Сорос префрли 18 милијарди долари на Фондацијата Отворено општество, која работи во повеќе од 100 земји.

Овие 18 милијарди долари се речиси 80% од општото богатство на финансиерот. Пред трансферот, Сорос се проценуваше на 23 милијарди долари, според „Форбс“.

Списанието го рангираше на 29-то место во рангирањето на најбогатите луѓе во светот.

Донацијата ја пласираше фондацијата Отворено општество на чело на американските фондации за средства, објави „WSJ“, наведувајќи ги податоците од 2014-та година.

Единствената поголема добротворна организација од Отворено општество е Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која исто така е финансирана од познат милијардер.

Сорос започнал да го развива својот добротворен бизнис во 1979-та година – девет години откако го основал „Сорос фонд Менаџмент“, хеџ фонд кој го претворил во еден од најбогатите Американци.

Тој донираше 12 милијарди долари во текот на изминатите четири децении, според неговата официјална биографија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП