25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ветува: Нема да ја затвориме вратата за светот

Кина ветува: Нема да ја затвориме вратата за светот

Кинеската економија „нема да ја затвори вратата за светот“ туку „дополнително ќе ја отвори“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој вети и „еднаков однос“ кон странските претпријатија кои работат во Кина.

„Отворањето (на економијата) ќе доведе до напредок, додека затворањето не враќа назад. Кина нема да ја затвори вратата за светот туку дополнително ќе ја отвори“, изјави Си на отворањето на конгресот на Комунистичката партија на Кина.

Според неговите зборови, кинеските власти ќе ги „штитат правата и интересите на странските инвеститори и секоја компанија која работи во кина ќе има еднаков и рамноправен третман“.

САД и Европската унија во неколку наврати ја обвинија Кина за протекционизам додека странските компании присутни во Кина се жалат на дискриминација.

Се очекува дека на повеќедневниот конгрес Си повторно ќе биде избран како лидер на партијата и претседател на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП