29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: ГС поразен од Хјустон, триумф на Кливленд против Бостон

НБА: ГС поразен од Хјустон, триумф на Кливленд против Бостон

Новата сезона во НБА лигата започна со победата на Кливленд над Бостон во дербито на Истокот и триумфот на Хјустон во дуелот со бранителот на титулата Голден Стејт Вориорс.

Хјустон уcпеа да направи голем пресврт, да надомести негатива од 17 поени и да запише победа над Голден Стејт 122:121. Кевин Дурент го погоди последниот шут за победа на Голден Стејт, но топката ја исфрли по истекот на времето.

Голден Стејт, со исклучок на почетното водство на Хјустон, имаше предност до самиот финиш, кога Такер поентираше за 122:121 на 44 секуди до крајот на мечот. Потоа Харден не реализира за три поени, а шутот на Дурент за победа беше упатен по истекот на времето.

Харден го предводеше Хјустон со 27 поени, 10 асистенции и 6 скока, три поени помалку постигна Гордон, а Такер уфрли 20 кошеви.

Во редовите на шампионот само четворица играчи беа расположени за игра: Ник Јанг беше најефикасен со 23 поени, поен помалку уфрли Кари, Дурент имаше учинок од 20 поени, 5 скока и 7 асистенции, а Томпсон заврши со 16 поени.

Дербито на Истокот мина во знакот на тешката повреда на Городн Хејворд. Кливленд го победи Бостон 102:99, а екс играчот на Кавалирс, Кајри Ирвинг не успеа да погоди тројка во последниот напад и да го однесе мечот во дополнители пет минути.

Играчите на Бостон беа шокирани од повредата на хејворд, во првото полувреме заостануваа 18 поени, но во вториот дел влегоа во ритам, се доближија до Кливленд но немаа време за целосен пресврт.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со 29 поени, 16 скока и 9 асистенции, а Кевин Лав забележа 15 поени и 11 скока.

Ирвинг против својот довчерашен тим имаше учинок од 22 поени, 10 асистенции, 4 скока и 3 украдени топки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП