28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаместо со Пулев, Џошуа ќе боксува со Такам

Наместо со Пулев, Џошуа ќе боксува со Такам

Ентони Џошуа ќе ги брани ИБФ и ВБА-титулите во тешка категорија против Французинот Карлос Такам бидејќи бугарскиот боксер Кубрат Пулев се повлече поради скинат мускул.

Мечот ќе се одржи на 28 октомври на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, а веќе се продадоа повеќе од 70.000 билети. Ова ќе биде прв тест на Џошуа откако го нокаутира Владимир Кличко во Лондон во април.

36-годишниот Такам е роден во Камерун и во кариерата има 35 победи, 3 порази и едно реми во 39 професионални меча.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, потврди дека Британецот нема да се предаде од своите појаси и дека ќе боксува со противници што ќе бидат предложени од федерациите. Целта беше по Пулев, да се боксува со Кубанецот Луис Ортиз, првиот предизвикувач за ВБА-титулата. Џошуа планира меч за обединување на титулите со ВБЦ-шампионот, Американецот Дионтеј Вајлдер, в година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП