19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгирече, Зурутуза и Одриозола не доаѓаат во Скопје

Агирече, Зурутуза и Одриозола не доаѓаат во Скопје

Фудбалерите на Реал Сосиедад го одработија последниот тренинг пред доаѓањето во Скопје на дуелот со Вардар во Лига Европа.

Пред да ги одреди патниците за Скопје, тренерот на екипата од Сан Себастијан, Сакристан, одржа тренинг, кој беше затворен за јавноста.

Сакристан на располагање за дуелот со Вардар ќе има 20 фудбалери, меѓу кои не се три звучни имиња на тимот од Баскија: Иманол Агирече, Давид Зурутуза и шпанскиот репрезентативец Алваро Одриозола, кои се повредени.

Исто така, за место во тимот нема да конкурираат напаѓачот Хуанми, потоа Карлос Мартинез и Јон Гуриди.

Реал Сосиедад во првите две кола во групата има победа над Копенхаген (4:0) и пораз од Зенит (1:3).

Натпреварот Вардар-Реал Сосиедад на програмата е в четврток од 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП