28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија дел од проектот за еколошко возење

Македонија дел од проектот за еколошко возење

Вчера во рамките на „Самитот 100“ се одржа презентација на електрични возила и полначи, како и промоција на проектот „ЕДИСОН е-Скопје“. Како дел од овој проект Македонија и градот Скопје ги отвараат вратите за продор на глобални револуционерни иновации во областа на тарнспортот. Со тоа се очекува да се постигнат глобалните цели за намалување на климатските промени, но и да се обезбедат услови за намалување на загадувањето на воздухот.

– Користењето на електричните возила претставува ефективно решение и начин на кој секој од нас ќе помогне во заштитата на животната средина и притоа ќе придонесе кон постигнување на стандардите од Парискиот договор за намалување на глобалното затоплување – порача заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Притоа Макрадули потенцира дека Македонија има потенцијал за вклучување во овој „европски зелен коридор и дека за тоа е неопходна масовна интегрирана сеопфатна акција од сите фактори реализирана преку партнерство помеѓу Владата, здруженијата на граѓани, бизнис-секторот, но и секој поединец во државата.

Проектот ЕДИСОН (Еколошко возење иновативни решенија и вмрежување) е регионален проект за електрификација на автопатиштата во регионот и има цел да обезбеди масовно прифатлива електрична мобилност во регионот со регионално развиени решенија за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП