19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБалетскиот спектакл „Оревокршачка“ на мраз се презакажува за 4 декември

Балетскиот спектакл „Оревокршачка“ на мраз се презакажува за 4 декември

Балетскиот спектакл „Оревокршачка” на мраз, кој требаше да се одржи на 24 ноември, поради технички причини се презакажува за 4 декември во Македонска опера и балет со почеток во 20 часот.

Купените билети се важечки за претставата на 4 декември и од МОБ напоменуваат дека нема потреба од нивна замена за билети со нов датум.

Билетите за овој балетски спектакл на мраз, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè” низ цела Македонија, билетарницата на МОБ, во „Пола Југотон”, „Југотон”, Цвеќарница „Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП