29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs забележа пад на профитот во третиот квартал

Goldman Sachs забележа пад на профитот во третиот квартал

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ забележа 3% пад на профитот за третиот квартал, соопшти „Ројтерс“, а растот од инвестициското банкарство беше засенето од послабите приходи од тргување со средства со фиксен принос.

Падот на приходите на единицата за трговија со обврзници, валути и суровини изнесува 26 отсто до 1,45 милијарди долари. Во третиот последователен квартал, банката забележа пад на приходите од овој бизнис поради слаба нестабилност.

Од „Goldman Sachs“ настојуваат да го пренасочат својот фокус кон постабилен сегмент како што е управувањето со инвестиции и корисничко кредитирање. Во 2016-та година, банката ја започна онлајн платформата „Маркус“, која е фокусирана на потрошувачкото кредитирање.

Нето добивката изнесува 2,04 милијарди долари за трите месеци до крајот на септември, што, поделена меѓу акционерите, е еднаква на 5,02 долари по акција. Пред една година, профитот беше 2,1 милијарди долари, или 4,88 американски долари по акција.

Резултатите сепак ги надмина очекувањата: аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters I/B/E/S“, прогнозирале просек на профит од 4,17 долари по акција.

Генерално приходите на „Goldman Sachs“ се зголемуваат со 2% до 8,33 милијарди долари, поддржани од инвестициското банкарство и кредитирањето. Очекувањата беа 7,54 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП