25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ увезла храна за 101 милијарда евра во 2016-та година

ЕУ увезла храна за 101 милијарда евра во 2016-та година

Во 2016-та година земјите од Европската унија (ЕУ) увезле храна во вкупна вредност од 101 милијарди евра, покажуваат податоците на „Евростат“. Главно од трети страни во заедницата се внесуваат овошје и зеленчук (за речиси 30 милијарди евра во минатата година), риба (24 милијарди евра), како и кафе, чај, какао и зачини (за вкупно 19 милијарди евра).

Статистиката покажува дека најголемите увозници во ЕУ се Бразил, која држи 9% од вкупниот увоз, следуваат САД (7%) и Норвешка (6,8%).

Увозот на храна во ЕУ се зголеми за 18% во монетарна смисла во споредба со 2012-та година. Па така обемот на храната увезена од трети земји во заедницата се зголеми за 6 отсто.

Во 2016-та година, земјите на ЕУ извезувале храна во вредност од 91 милијарда евра во земји надвор од нивните граници. Најголем извозник е Холандија, која држи удел од 16% од целиот извоз, или 13 милијарди евра. Следена од Германија и Франција (11 милијарди евра) и Италија и Шпанија (околу 8 милијарди евра).

Европскиот извоз сочинува главно житарици (пченица, овес и друго), чија вкупна вредност е 14 милијарди евра. Следната голем група се овошјето и зеленчукот (12 милијарди евра) и месо и месни производи (11 милијарди евра).

Најголемиот европски пазар за храна е САД – скоро 10%, или 8 милијарди евра. Следи Кина (7,5 милијарди) и Швајцарија (56 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП