25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСветска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Светска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Во рамките на China CEEC Cultural Season- Music Dialog and Cooperation 2017, на 13 октомври, во Концертната сала на Пекинг премиерно се изведоа 8 композиции од европски композитори претходно селектирани од страна на Министерството за култура на Кина.

Концертот беше распродаден 10 дена однапред, за сала со капацитет од 1.500 седишта. Светска премиера имаше и композицијата на Дарија Андовска, циклусот Heavenly Questions за „Оркестарот на Забранетиот Град“, напишан на сегменти од Tianwen, збирка на класична кинеска поезија, која истовремено служи како извор на информации за древната култура од Кина, во форма на серија од прашања кои алудираат на митовите и функционираат како серија на алузивни фрагменти.

Оркестарот на Забранетиот Град е составен од претежно традиционални кинески инструменти, вклучувајќи пијано и контратенор.Композицијата на Дарија Андовска беше оценета од страна на европските колеги, но и композиторите од Кина, како една од најдобрите, со извонредно високо ниво на музикалност и професионалност. Циклусот Heavenly Questions, по премиерата во Пекинг, ќе биде изведуван низ Кина и Европа, во рамките на турнејата на „Оркестарот на Забранетиот Град“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП