24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ10 години Илирика во Македонија: Продолжување на трендот на отворање на можностите

10 години Илирика во Македонија: Продолжување на трендот на отворање на можностите

Илирика како врвна финансиска институција која нуди високо ниво на инвестициски услуги во Македонија прослави два јубилеја, 10 години во Македонија и 25 години од основањето во Словенија. Илирика е основана во 1992 година и брзо почна со освојување на пазарот покрај сите предизвици на локално, регионално и глобално ниво.

„Во Македонија работиме веќе 10 години и верувам дека ги задоволуваме очекувањата. Имаме одлична комуникација со соработниците, но и со институциите. Најважно дека имаме доверба од клиентите и многу добра репутација. Очекувам поизразено продолжување на позитивните трендови кај инвестициските фондови во смисла на довербата од страна на клиентите изразена преку зголемувањето на имотите под управување, како и понатамошни либерализации на пазарот во смисла на можностите за вложување на странските пазари за индивидуалните клиенти.“, порача Коста Костадиновски, главен директор во Илирика Македонија.

„Чекориме напред и планираме да воведеме новитети со цел на нашите клиенти да им го направиме подостапно тргувањето со хартии од вредност. Од пред година дена преку Илирика Инвестментс клиентите може да даваат куповни и продажни налози од дома или од работа преку својот компјутер преку Е-брокер апликацијата. Со тоа им стануваат поблиски секојдневните случувања на Македонската берза. Исто така, планираме изготвување на мобилна апликација преку која нашите клиенти ќе можат во секое време да извршат увид на своето портфолио.“, рече Васко Митев, директор на Илирика Инвествментс во Македонија.

Илирика пред една година излезе на меѓународната сцена и реномираниот магазин Investors Review за 2016та година ја избра помеѓу најдобрите инвеститорски финансиски институции. Илирика ги доби признанијата за Fund Elite, Single Manager и Finest in Finance.

Илирика е број 1 брокер на Македонската берза за 2016та година со пазарен удел од 29%, а Друштвото во текот на 2016 година го доби јубилејното признание од Македонската Берза, по повод 20 години Македонска берза, како друштво со најголем промет од основањето на берзата.

Илирика ќе продолжи да гради доверба, овозможува најдобри услуги и успешно да учествува на берзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП