19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУниверзитетите и носат на британската економија 100 милијарди фунти годишно

Универзитетите и носат на британската економија 100 милијарди фунти годишно

Универзитетите во Обединетото Кралство и донесуваат 100 милијарди фунти годишно на британската економија и поддржуваат речиси милион работни места, што претставува околу три проценти од сите вработувања во Велика Британија, се вели во извештајот, кој се занимава со значењето на високо-образовните институции во економијата на Обединетото Кралство.

Универзитетските претставници истакнуваат дека оваа студија покажала дека влијанието на универзитетите на британската економија и работните места е се поголемо и позначајно и предупредија дека високото образование не треба “да се зема здраво за готово”.

Овој извештај доаѓа во време кога високото образование е под притисок поради загриженоста за прашањата, како што се спиралните плаќања на универзитетските професори и расправата за тоа дали плаќањето на високите школарини од околу 9.250 фунти е оправдано и дали студентите добиваат доволно за вложените пари.

Студијата, објавена од вице-канцеларската група на Универзитетите во Обединетото Кралство (УУК), утврди дека високо-образовните институции во Велика Британија во периодот 2014-2015 година оствариле приход од 95 милијарди фунти. Оваа бројка изнесува 2,9 проценти од вкупните економски активности што се генерирани во Обединетото Кралство во наведениот период и значи дека 1 од секои 34 фунти од британскиот БДП може да се припишат на активностите на универзитетите.

Покрај тоа, универзитетите, странските студенти и посетителите придонеле со повеќе од 940.000 работни места во Велика Британија. Ова ги вклучува, не само вработените и студентите, туку и другите локални работници, кои посредно работат со институциите, како што се чистачите, таксистите и градежните работници. Статистичките податоци покажуваат дека универзитетите допринеле за економијата со околу 21,5 милијарди фунти, додека меѓународните студенти и нивните посетители генерирале 25,8 милијарди фунти.

Во извештајот се наведува дека универзитетите вработуваат илјадници луѓе низ целата земја и со своите директни активности генерираат пари во буџетот, но, покрај тоа, исто така, имаат и важна улога, бидејќи поддржуваат широк спектар на индустрии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП